Мемори микс
Чајна мешавина која помага за подобрување на циркулација на крвта
Билната мешавина се состои од имела, коњски опаш, маточина, од ајдучка трева, лист од коприва и од лист и цвет од глог. Имелата, листот и цветот од глог и листот од коприва придонесуваат за нормална циркулација на крвта во организмот.
Свежо приготвениот чај се пие двапати на ден. Се препорачува континуирано користење на чајот пет дена, по што се препорачува пауза од два дена. Циклусот може да се повторува.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 80 g од чајната мешавина.