Реуком микс
Чајна мешавина која помага за смирување на симптомите од ревматизам и од артрит
Билната мешавина „Реукоммикс“ содржи: кора од врба, корен од коприва, лист од бреза, коњски опаш, корен од зајчев трн, коса од пченка, корен од гавез и кора од даб. Корените од коприва, од бреза и од врба придонесуваат за одржување здрави зглобови.
Свежо приготвениот чај се пие до четирипати на ден, незасладен. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 90 g од чајната мешавина.