Чај против зголемен вагинален секрет
Состав: цвет од камилица, лист од коприва, лист од орев, троскот, подабиче, имела, коњски опаш, лист од шумска јагода и кора од даб.
Приготвување и начин на употреба: една супена лажица од чајната мешавина се прелива со 250 ml вода и се вари 2-3 минути. Се остава да отстои 30 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди.
Се пие свежо приготвен, трипати на ден, пред јадење.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.