Менструал микс
Чајна мешавина која придонесува за олеснување на менструалните симптоми
Чајната мешавина се состои од надземен дел на ајдучка трева, кора од врба, лист од нане, лист од маточина, од надземен дел на мајчина душичка, плод од сладок анасон, плод од калуѓерски бибер, од корен на валеријана, надземен дел на пасифлора, плод од боровинка и од лист од рузмарин.
Една супена лажица од мешавината се прелива со 200 ml зовриена вода и се остава да отстои 15 минути во покриен сад, повремено се меша, а потоа се цеди. Свежо приготвениот чај се пие двапати на ден.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 110 g од чајната мешавина.