Простата микс
Чајна мешавина која придонесува за одржување нормална функција на простатата.
Билната мешавина во својот состав содржи: лист од мечкино грозје, лист од бреза, коњски опаш, килавица, корен од гавез, коса од пченка, грчко семе, врболика и корен од коприва. Врболиката и коренот од коприва придонесуваат за одржување на нормалната функција на простатата.
Свежо приготвениот чај се пие три до четирипати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.
Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.
Секое пакување содржи 100 g од чајната мешавина.