Ројбос чај со арома на рибизла
Создадовме билна мешавина која ќе го задржи карактеристичниот вкус на ројбос, збогатен со кора од портокал, плодови од шипка и со арома од рибизла.
Црвената африканска грмушка ројбос доминира во овој идеален сплет на вкусови. Во вашата шолја чај сосема суптилната нота на рибизла нуди едно ново доживување. Направете пауза за чај и освежете ги сетилата!
Секое пакување содржи 20 филтер-кесички, секоја со по 1,6 g чајна мешавина.