Брусница

    Vaccinium macrocarpon

    Фамилија: Ericaceae

    Делови што се користат: плод.

    Ботанички опис: брусницата е грмушка која може да достигне висина и до 4 метри. Има исправени гранки со листови, грубо назабени и долги 5-12 cm. Цветовите се во форма на штитовидни соцветија собледорозова боја. По цветовите во јуни и во јули се појавуваат црвените бобинки. 

    Живеалиште: брусницата расте на сончеви и на влажни места во поладните региони на северната хемисфера.

    Историја: во Северна Америка брусницата е домородна билка, која сега и комерцијално се одгледува на тие простори. Уште Индијанците ја користеле како храна, како текстилна боја и како лековито средство. Европејците ја откриле брусницата како средство за тргување. Билката за првпат успешно е култивирана на почеток на 19. век и оттогаш расте нејзината употреба. Канада и САД заедно сочинуваат дури и 90 % од светското производство.   

    Употреба: сокот од брусница и чајот од плодот имаат долга историја на употреба при третман или при превенција на инфекции на уринарниот тракт. 

     

    Библиографија

    • Joanne Barnes, Linda A Anderson and J David Phillipson. Herbal Medicines, third edition. Pharmaceutical Press 2007.
    • Neto CC, Vinson JA. Cranberry. Herbal Medicine: Biomolecular and Clinical Aspects. 2nd edition. CRC Press 2011.
    • Ghazala Shaheenet all. Monograph of Vaccinium macrocarpon. Journal of Medicinal Plants Research Vol. 5, 2011.