Лист од чај

    Camellia sinensis (Syn. Thea Synensis)

    Фамилија: Theaceae

    Делови што се користат: лист.

    Ботанички опис: чајот е висока грмушка со издолжени, кожести листови и со бели мирисливи цветови, поставени во пазувите на листовите. Кога се култивира, билката се крои за да се добие растение со понизок раст, од кое листот полесно се собира. 

    Живеалиште: чајот расте во влажните предели на Кина. Денес се култивира во 52 земји во светот.Најголеми производители се Кина и Индија. 

    Историја: легендата вели дека билката чај е откриена сосема случајно и тоа 2.737 г.п.н.е. од кинескиот император Шен Нунг. Императорот имал навика да пие превриена вода. И еден ден, додека седел надвор, во зовриената вода паднал лист од Camellia sinensis. Покиснатиот лист дал напивка која, според императорот, му давала енергија на телото и задоволство на умот. 

    Употреба: напивките од чај се користат како стимуланси поради присуството на кофеин. Чајот содржи и полифеноли поради што дејствува и како антиоксиданс.Консумирањето зелен чај се поврзува со намаленото ниво на холестеролот LDL и со регулирањето на крвниот притисок. Овој ефект му се препишува на антиоксидативното дејство на полифенолите, кои најмногу ги има во зелениот чај. 

     

    Библиографија

    • Patricia JB DeWitt. A Brief History of Tea: The Rise and Fall of the Tea Importation Act. Harvard Law School, 2000.
    • Community herbal monograph on Camellia sinensis (L.) Kuntze, non fermentatum folium, EMA/HMPC, 2013.
    • С. Кулеванова. Фармакогнозија, фитохемија и природни лековити и ароматилни суровини. Скопје: Култура, 2004.
    • C.I. Heck, E. Gonzalez de Mejia.Functional and Speciality Beverage Technology: Beauty food: nutrition to support the skin. Woodhead Publishing, 2009.
    • A.C.Liwa et al. Pharmacognosy: Fundamentals, Aplications and Strategy, Bioactive Plant Molecules, Sources and Mechanism of Action in the Treatment of Cardiovascular Disease. Academic Press, 2017.
    • AkiraMurakami. Modifying Effects of Polyphenols on Acute Colitis and Inflammation-Associated Colon Carcinogenesis. Polyphenols in Human Health and Disease, 2014.