Глог

    Crataegus spp.

    Фамилија: Rosaceae

    Делови што се користат: лист, цвет и плод.

    Ботанички опис: оваа бодликава грмушка, која расте и до 4 м во височина, има гранки што ткаат испреплетени мрежи. Билката има листопадни листови и мали нежни цветови со бела до бледорозова боја. Црвената боја плодовите ја добиваат во есен.

    Живеалиште: расте во предели со умерена клима на северната полутопка.

    Историја: поделено е мислењето за потеклото на името. Некои сметаат дека името на родот Crategus потекнува од грчкото kratios, што значи „силно“ и се однесува на јачината на дрвото. Други пак од kratos, што значи „отсекогаш било таму“. Се верува дека бодликавата круна на Исус е сплетена токму од глогови гранчиња. Постојат записи што сугерираат дека употребата на глогот како лек за срцеви заболувања датира од 1 600 година. За медицински цели го користеле и историски личности како на пример кралот на Британија Хенри IV.

    Употреба: традиционално, билката се користи за регулирање на срцевата активност, во случаи на срцева слабост, хипертензија и на подобрување на циркулацијата. 

     

    Библиографија:

    • Joanne Barnes, Linda A Anderson and J David Phillipson. Herbal Medicines, third edition. Pharmaceutical Press 2007.
    • Upton, Roy. American Herbal Pharmacopeia and therapeutic compendium:Hawthorn berry. AHP 1999.
    • WHO Monographs on Selected Medicinal Plants - Volume 2: Folium cum Flore Crataegi. Geneva: World Health Organization 2004.